Регистрираните корисници ги имаат сите поволности
Кога ќе направите Ваша сметка на платформата charge&GO Ви се отвораат многу можности, кои Ви го олеснуваат полнењето на електромобилот. Како регистриран корисник ќе можете да резервирате полнач и да го полните Вашето возило по пониски цени.
Како да се користат полначите во мрежата charge&GO
1. Авторизирајте се
Сè почнува со авторизација на страницата за полнење. Ако сè уште се немате регистрирано, тоа можете да го направите тука. Има 3 начини за авторизација:
- Мобилната апликација charge&GO
Одберете место за полнење на мапата и притиснете го копчето „Почнете го полнењето“.
За да го полните Вашето возило со помош на апликацијата, морате да бидете регистрирани и пријавени.
- RFID-картичка charge&GO
Доближете ја Вашата RFID-картичка до читачот на полначот.
RFID-картичката можете да ја нарачате при регистрацијата. Доколку не сте нарачале RFID-картичка кога сте ја отворале сметката, тоа можете да го направите преку Вашата корисничка сметка. .
- Еднократно плаќање со кредитна картичка
Ако не сакате да се регистрирате, а сакате да го наполните Вашето возило, на располагање Ви е можноста за еднократно плаќање:
– Едноставно, скенирајте го QR-кодот и следете ги упатствата или
– Отворете ја страницата client.chargego.rs во Вашиот пребарувач
Внесете го ID-бројот на полначот (се наоѓа на налепницата на полначот и обично содржи 2 или 3 цифри)
Притиснете го копчето „Платете со картичка“ и следете ги упатствата.
![1_Main screen Aplikacija charge&GO](https://chargego.mk/wp-content/uploads/2023/10/1_Main-screen.png)
2. Приклучете го кабелот
Кога ќе ги поврзете Вашето возило и полначот, процесот на полнење почнува автоматски, под услов успешно да сте се авторизирале
3. Продолжете со возењето
Завршете ја сесијата за полнење на истиот начин како што сте ја почнале: со помош на мобилната апликација, RFID-картичката или пребарувачот. Отстранете го кабелот.
Услугата автоматски ќе биде наплатена преку Вашата сметка на charge&GO или од Вашата платежна картичка.