ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ МЕСТА ЗА ПОЛНЕЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Со овие општи услови и правила за користење места за полнење електрични возила (во натамошниот текст: Општи услови) се регулира односот помеѓу стопанското друштво Charge&GO d.o.o. Beograd и корисникот на место за полнење електрични автомобили. Овие Општи услови се применуваат за сите корисници на места за полнење, регистрирани и нерегистрирани, на кои Charge&GO им дава услуги на определено временско користење места за полнење електрични возила.

  1. ДЕФИНИЦИИ

Во смисла на овие Општи услови, користените термини го имаат следново значење:

  • Давател на услуга значи Charge&GO кој на своите корисници им дава услуги за користење место за полнење електрично возило, а кој самостојно или заедно со сопственикот на станицата за полнење и/или местото за полнење, ги определува цените на услугата за полнење, кои се видно истакнати на платформата Сharge&GO за користење места за полнење електрични возила;
  • Платформата и мобилната апликација Charge&GO се дигитална платформа и мобилна апликација наменети за полнење електрични возила;
  • Услуга значи определено временско користење на место за полнење на батеријата на електричното возило кое Charge&GO му го става на располагање на Корисникот преку платформата и мобилната апликација Charge&GO ;
  • Корисник значи физичко лице со наполнети најмалку 18 години живот и/или правно лице, претприемач, кој било деловен ентитет, кои се сопственици и/или корисници на електрични возила а на кои Charge&GO им дава услуга на временско користење на место за полнење на електрично возило. Корисниците може да бидат регистрирани и нерегистрирани корисници.
  • Регистриран корисник значи лице кое извршило регистрација и отворило своја корисничка сметка на платформата и/или мобилната апликација Charge&GO во согласност со овие Општи услови;
  • Нерегистриран корисник е физичко лице што пристапува до платформата и/или апликацијата Charge&GO без извршена регистрација и отворање корисничка сметка;
  • Постпејд корисник значи правнo лицe со коe Charge&GO има склучен Договор за користење на регионалната платформа и на мобилната апликација Charge&GO со договорено постпејд плаќање. Постпејд корисникот има својство на регистриран корисник.
  • Електрично возило значи електрично возило во согласност со дефиницијата за електрично возило дадена во предлог директивата на Европскито парламент и на Советот за воспоставување инфраструктура за алтернативни горива, како и во согласност со домашните закони и прописи (или во финалната верзија на директивата);
  • Место за полнење значи паркинг место со стациониран полнач што овозможува директно полнење на електрично возило со електрична енергија;
  • Станица за полнење значи ентитет со едно или повеќе места за полнење електрично возило;
  • Картичка РФИД значи картичка доставена на Корисникот, која овозможува негова идентификација на станицата за полнење и/или местото за полнење;
  • Општи услови за користење на платформата и на мобилната апликација Charge&GO се услови и правила за користење на платформата и на мобилната апликација Charge&GO кои ги обврзуваат сите корисници, а достапни се на веб-локацијата на Charge&GO-a преку линкот Општи услови и правила за користење на места за полнење на електрични возила | ChargeGo
  • Политиката за приватност претставува политика за приватност на Charge&GO во согласност со која Charge&GO врши обработка на лични податоци, сѐ во согласност со Законот за заштита на лични податоци, која е достапна на веб-локацијата или по преку линкот Политика на приватност /Општи услови | ChargeGo
  1. КОРИСТЕЊЕ МЕСТО ЗА ПОЛНЕЊЕ

Местата/станиците за полнење што се достапни преку платформата и мобилната апликација Charge&GO Корисникот може да ги користи во својство на регистриран или нерегистриран корисник. За сите корисници, регистрирани и нерегистрирани, при користењето на местата/станиците за полнење електрични автомобили се применуваат Општите услови за користење на платформата и мобилната апликација Charge&GO.

Користењето на Услугата и надоместоците за користење на Услугата се разликуваат во зависност од тоа дали Корисникот му пристапува на местото за полнење во својство на регистриран или нерегистриран корисник.

Регистрираните корисници со постапката за регистрација засноваат претплатнички однос со Давателот на услугата и добиваат своја корисничка сметка. Регистрираните корисници можат да користат место /станица за полнење преку картичката РФИД издадена од страна на Charge&GO на барање од Корисникот, или директно преку платформата или мобилната апликација Charge&GO;

Нерегистрираните корисници можат да ги користат местата/станиците за полнење така што на саканиот полнач му пристапуваат со скенирање на QR кодот на полначот стациониран на местото за полнење, или со внесување на ИД бројот на саканиот полнач на страницата на веб-порталот client.chargego.rs. Пред користењето на Услугата нерегистрираниот корисник ја внесува својата адреса на е-пошта заради доставување фискална сметка, а потоа оттаму порталот го упатува на страницата на операторот за плаќање каде што остава податоци за платежната картичка. По извршеното полнење, платежната картичка се задолжува за износот на полнење, а на е-поштата што ја впишал Корисникот се доставува фискалната сметка. Со користење на местата за полнење видливи на платформата и апликацијата Charge&GO Корисниците ги прифаќаат овие Општи услови за користење на платформата и на мобилната апликација Charge&GO и Политиката за приватност.

  1. ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КОРИСНИКОТ

Регистрираниот Корисник, пред да почне да ја користи Услугата врши процес на идентификација. Идентификацијата на регистрираниот Корисник се врши со цел обезбедување примена на условите предвидени исклучително за регистрираните Корисници.

Идентификацијата на регистрираните Корисници може да се врши преку РФИД или преку технички уреди или средства (како што е интернет платформа, мобилна апликација) што ги дава Давателот на услугата. Конкретниот начин на идентификација Корисникот го избира при регистрацијата и може дополнително да го менува во согласност со Општите услови за користење на платформата и мобилната апликација Charge&GO.

  1. НАДОМЕСТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ

За користењето на Услугите на Корисникот му се наплатува надоместок според актуелниот ценовник истакнат на платформата и на мобилната IOS и Android апликација или според цените што на друг начин му се направени достапни на Корисникот.

Надоместоците за Услуги што важат во секој момент подетално се дефинирани на платформата за секое избрано место за полнење поединечно, како и на мобилната IOS и Android апликација. Надоместоците за Услугите може да се разликуваат на различни места за полнење. Саканото место за полнење Корисникот може да го пронајде на www.client.chargego.rs/map. Надоместоците за користење места за полнење може да се разликуваат во зависност од тоа дали е во прашање регистриран Корисник или нерегистриран Корисник што ја користи опцијата за еднократно плаќање. Надоместоците за користење места за полнење секогаш се прикажани пред почетокот на самата сесија за полнење.

За дадените Услуги нерегистрираниот Корисник плаќа надоместок во согласност со актуелниот ценовнк истакнат на платформата за секое избрано место за полнење поединечно, како и на мобилната IOS и Android апликација.

На рeгистрираниот Корисник давањето на Услугата му се наплатува врз основа на претплата, сѐ во согласност со Општите услови за користење на платформата и мобилната апликација Charge&GO.

  1. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДАВАЊЕ НА УСЛУГАТА

Корисникот е обврзан своето електрично возило да го држи во исправна состојба што овозможува давање на Услугата на адекватен начин, и со тоа ја спречува можноста за настанување на евентуална штета, било на место за полнење или на самото електрично возило, поради неисправна опрема и инсталација на возилото.

Корисникот се обврзува дека ќе се воздржува од притискање на хаварискиот тастер (таканаречен печурка) и дека давањето на Услугата нема да го прекинува со притискање на хаварискиот тастер или стоп тастер бидејќи тој е наменет исклучително за итно прекинување на полнењето во случај на непосредна опасност и/или хаварија. Кориснкот е обврзан да изврши прекинување на полнењето на истиот начин на кој го почнал полнењето, преку апликацијата, платформата или со допирање на картичката РФИД.

При користење место за полнење, Корисникот е обврзан внимателно да се придржува до упатствата за употреба на станицата за полнење и/или на местото за полнење. Упатствата се видно истакнати на секое поединечно место за полнење.

Корисникот во целост го ослободува Давателот на услуга од каква било одговорност и се обврзува на Давателот на услуга и на сите трети лица во целост да им ја надомести целата штетата што ќе настане поради непочитување на одредбите од овие Општи услови. Корисникот се обврзува на Давателот на услугата да му надомести за сите евентуални трошоци што ги имал во врска со предизвиканата штета.

Корисникот во целост го ослободува Давателот на услуга од каква било одговорност и се обврзува на Давателот на услуга и на сите трети лица во целост да им ја надомести целата штета што ќе настане поради оштетување и/или дефект на место за полнење до кој дошло поради непочитување на дадените упатства, невнимание или небрежност на Корисникот.

Со цеп спречување на оштетувања, како и во случај на постоење опасност од оштетување или во случај на веќе настанато оштетување, Корисниците и Давателот на услуга се должни да ги преземат сите мерки за да го спречат или да го ограничат оштетувањето, кои може разумно да се бараат од нив.

Корисникот се обврзува, доколку забележи каква било неправилност или проблем при користењето на место за полнење без одложување да го извести Давателот на услугата и да постапи во сѐ според упатствата што видно се истакнати на станицата за полнење и/или на местото за полнење.

Со прифаќање на овие Општи услови Корисникот потврдува дека е известен дека ЈП Електропривреда Србије, Оператор на дистрибутивниот систем „ЕПС Дистрибуција“ д.о.о. Белград и АД Електромрежа Србије, е одговорен за стабилност на електроенертетскиот систем и дека е должен да испорача одреден квалитет на електрична енергија, како и да врши балансирање на електроенергетскиот систем, и го ослободува Давателот на услуга од каква било одговорност во врска со тоа. Во случај на паѓање на мрежата, компанијата што е одговорна за електроенергетскиот систем (ЕПС) мора без одложување или да го зголеми производството на електрична енергија од други извори или да ја намали потрошуачката. Компанијата што е одговорна за електроенергетскиот систем (ЕПС) на местата за полнење може автоматски да издаде наредба за намалување на моќноста на полнење во случај на паѓање на мрежата. Прекинот на полнење обично е краткотраен, а може да се манифестира низ промена на брзината на полнењето или прекин на полнењето на електричното возило, односно преку враќање на енергијата од батеријата на електричното возило во мрежата во случај на V2G систем.

Давателот на услуги се ослободува од одговорност за какво било потенцијално паѓање на мрежата, паѓање на напонот, паѓање на интернетот, вклучително и грешки при услуги на полнење на електрично возило предизвикани со непочитување на упатствата за користење од Корисникот, вклучително и одредбите од овие Општи услови, неисправност на картичката за полнење РФИД поради физичко оштетување или на други технички средства за идентификација, или други оштетувања предизвикани со работи што се однесуваат на користењето или на функционалноста на услугата за полнење.

  1. ДОСТАПНОСТ НА МЕСТАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ

Расположливите места за полнење Корисникот може да ги види во реално време на платформата и мобилната апликација Charge&GO во согласност со легендата на бои на означените места (зелена боја: слободно место за полнење; црвена боја: местото за полнење е зафатено; зелено-црвена боја: на станицата за полнење со повеќе расположливи места за полнење едно место за полнење е зафатено, а друго е достапно; сива боја: местото за полнење е недостапно).

Давателот на услуга и/или сопственикот на станица/место за полнење можат привремено или трајно да ја запрат достапноста на определена станица/место за полнење електрични автомобили за Корисникот поради одржување, изведување работи или какви било околности што влијаат врз достапноста на таа станица/тоа место за полнење и во тој случај предметната станица соодветно ќе биде означена на платформата и/или апликацијата.

Кориникот се обврзува по извршена Услуга да го напушти местото за полнење електрични автомобили за да обезбеди достапност на самото место на следниот корисник.

  1. ПРЕКИН НА ДАВАЊЕ НА УСЛУГАТА

Давателот на услуга е овластен привремено да ја прекине достапноста на услугата на поединечни места за полнење во текот на траење на неопходните работи на одржување и унапредување на услугата. Покрај тоа, услугата може да се прекине за да се обезбеди управување со електродистрибутивната мрежа, заради потребите на балансирање на електроенергетскиот систем, подигање на квалитетот за снабдување со електрична енергика, како и поради други слични случаи. Недостапните места за полнење ќе бидат во реално време прикажани на платформата и на мобилната апликација на начин како што е објаснето во овие Општи услови.

Давателот на услугата има право да одбие да ја даде услугата и без одложување да прекине со давање на услугата на Корисникот, ако тоа се бара според официјалните прописи или со судски налози и/или ако постои сомневање дека постои злоупотреба на корисничката сметка по прием на известување од Корисникот за потенцијална злоупотреба, ако Услугата се користи спротивно на условите и правилата од овие Општи услови и склучениот договор помеѓу Давателот на услугата и Корисникот, или ако Корисникот на друг начин постапува незаконски или неадекватно во однос на целта на склучување на Договорот и на овие Услови. Давателот на услугата има право привремено да го ограничи или запре давањето на Услугата во случај Корисникот да не ги намирил своите обврски кон Давателот на услугата.

Во случај до прекин на Услугата да дошло поради околности што ги предизвикал Корисникот, како што е, на пример, непочитување на истакнатите упатства за користење на Услугата, Корисникот нема да биде ослободен од плаќањето на услугата до моментот на прекин или од други обврски што може да ги има кон Давателот на услугата.

  1. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Давателот на услугата може во кое било времае да ги измени одредбите од овие Општи услови, цените на услугите и нивната содржина.

Давателот на услугата се обврзува да ги извести Корисниците за сите настанати измени, така што известувањето ќе се објави на самата платформа или апликација.

Во случај Корисникот да продолжи да ги користи Услугите по истакнување на известувањето за настанатите промени, се смета дека е согласен со истите.

Во случај за која било одредба од овие Општи услови да се утврди дека не е соодветна или е неважечка,  тоа нема да влијае врз важноста и примената на преостанатите одредби.

Односите помеѓу Корисникот и Давателот на услугата се регулирани со позитивните прописи на Република Србија. За сите меѓусебни спорови што не може да се решат со договор надлежен е стварно надлежниот суд во Белград.

Овие Општи услови претставуваат составен дел од сите Договори што Давателот на услугата ќе ги склучи со Корисниците, а кои се однесуваат на користење на местата за полнење, како и користење на регионалната платформа Charge&GO и мобилната апликација, а Корисникот со своето прифаќање потврдува дека ги прочитал и во целост ги разбрал и дека како такви во целост ги прифаќа.

Овие Општи услови влегуваат во сила на 18.10.2023 година.