ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Политика на приватност на Друштво за услужни дејности во патнички копнен транспорт ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите и вработените е од најголемо значење за Друштво за услужни дејности во патнички копнен транспорт ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје), притоа земајќи ја предвид и природата на работењето како и податоците коишто се прибираат при нивното тековно работење.
Политика за приватност на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.
Секоја активност поврзана со личните податоци, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон.
За целите на заштита на личните податоци, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права.
1. УЛОГАТА НА ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.
2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА
Како контролор, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:
- Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;
- Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;
- Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите отузаради кои се обрабваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат;
- Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;
- Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;
- Интегритет и доверливост – личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и
- Начело на отчетност [accountability] – ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.
Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.
3. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
_ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје собира, чува и обработува лични податоци што клиентите ги откриваат или веќе ги откриле на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, како и потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности со ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
Особено, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје може да врши обработка на следниве лични податоци:
Личните податоци што ги доставуваат субјектите, како што се: назив на физичко лице, име, презиме, ЕМБГ, фирма, ЕМБС, ЕДБ, адреса, поштенски код, град, земја, телефон.
Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. Податоци за вработените во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје поопширно се објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;
Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. Податоци за кандидатите за вработување во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје се поопширно објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;
Личните податоци што ги обработува ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје се чуваат во хартиена и / или електронска форма.
4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
_ ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, за следните цели:
A. Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено:
1. да гo потврди идентитетот на клиентот;
2. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, вклучително и да преземе дејствија за наплата на достасаните побарувања на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје;
3. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и да преземе дејствија за исполнувањето на обврските кон клиентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да обезбеди ефикасно да биде извршена бараната услуга од ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје;
4. да ја оцени соодветноста за понуда на услуга
Б. Во контекст на законското и тековното работење на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено:
- да ги развива и / или подобрува услугите што ги нуди ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје во однос на преференциите на клиентите;
- да одговори на Барања / Поплаки од клиенти;
- да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје;
- да спречи извршување на кривични дела (пр. измами) и да идентификува и собира податоци за незаконски активности, за физичко обезбедување на лица и имот (вклучувајќи го и системот за видео надзор);
- да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,
- да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.
В. Врз основа на дадена согласност:
Напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:
- за извршување на договор склучен со ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје или со цел преземање на потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;
- за исполнување на законска обврска на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје како контролор;
- за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;
- за извршување на работи од јавен интерес; и
- кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете.
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци.
5. КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања.
- Друштва за осигурување – со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
- Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
- Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничкопобарувачки односи меѓу потрошувачи и ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
- Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
- Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.Гоце Делчев бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
- Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
- Државен санитарен и здравствен иснспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје), со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
- Царинска управа, со цел спроведување на Законот за возила, при увоз на возила од друга држава
- Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа
го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).
Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:
- Усогласување со некоја законска норма
- Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
- Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци
- Агенции за наплата на побарувања – со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
- Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
- Надворешни изведувачи на ИТ услуги – со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на клиентите или до податоци на вработените
- Сметководители – со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
- Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти
- Компанија која врши достава на нарачани продукти
- Компанија која врши хомологација на возила
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.
ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД
Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.
Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.
Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.
Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.
Податоците добиени од купувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.
Сите добиени согласности од страна на субјектите на личните податоци се чуваат 6 години или до повлекување од страна на субјектот на личните податоци.
Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.
6. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.
- Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку: Информациите за субјектите на личните податоци достапно во просториите на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и преку Известувањето за видео-надзор каде што ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има поставено камери.
Напоменуваме дека ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не е должен да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).
- Право на пристап (член 19 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.
- Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.
- Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност.
При бришење на личните податоци, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје соработува а кои ги обработуваат тие податоци.
- Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
- Право на приговор (член 25 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до _ ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.
– Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.
– Право на преносливост (член 24 од Законот)
Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на _______________________________ во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.
Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата можете да го поднесете на адреса Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28 локал 4, Скопје со назнака за Офицер за заштита на лични податоци или електронски, на е-адресата при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање.
Бараните информации ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што барателот соодветно ќе биде известен.
Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.
7. СИСТЕМ НА ВИДЕО НАДЗОР
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје врши видео надзор во просториите само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените, и/или обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените простории.
Начинот на вршење на видео надзорот е подетално регулиран со Правилникот за начинот на вршење на видео надзор. Овој Правилник е изработен врз основа на Законот за заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.
Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат до исполнување на целта за кои се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена. По истекот на овој рок снимките автоматски се бришат од системот на видео надзор. Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје при водење на соодветни постапки согласно закон, и интерните процедури за начинот на чување и бришење на снимките. Видео снимките кои не се бришат автоматски односно кои се чуваат подолг временски период, а за кои е исполнета целта, се уништуваат од страна на посебна Комисија за уништување на видео материјал.
На видливо и јасно место каде што е поставен видео надзор ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има соодветно известување (налепница) која истакнува дека се врши видео надзор, како и податоци за името на контролот, целта на видео надзорот, рокот на чување на видео снимките, правата на субјектите на личните податоци, контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци, информации за каде се врши видео надзор како и начинот на кој може да се добијат дополнителни информации.
8. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи.
Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.
Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци.
Во ваква ситуација, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има донесено соодветна процедура за начинот на кој вработените треба да пријават до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.
9. ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката на Приватност е усвоена во 2022 година
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на друштвото, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.
АНЕКС број 1: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
Оваа Политика се однесува на вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, на практикантите и волонтерите во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје за вработените во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн.
Категории на лични податоци на вработените што ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува
Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува следните лични податоци:
- име, презиме и татково име на работникот;
- единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);
- ден, месец и година на раѓање;
- место на раѓање (општина, населено место и држава);
- пол (машки-женски);
- живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);
- припадност на заедниците;
- религиска припадност;
- учество во синдикат;
- место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);
- степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);
- степен на стручна подготовка, (НКВ, ПКВ, КВ, ВКВ, ССО за занимање):
- завршени програми за стручно оспособување (обука, доквалификација и преквалификација) и
- посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);
- шифра и опис на занимање;
- работно време на работникот (полно работно време или скратено);
- стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;
- траење на работниот однос:
- на неопределено време и
- на определено време;
- број на трансакциска сметка;
- износ на плата;
- податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;
- дали е трудов инвалид (здравствени податоци);
- датум на засновање на работниот однос; · датум на престанок на работниот однос;
- основа за престанок на работниот однос.
Цели на обработка на личните податоци на вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци на вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и за потребите на легитимниот интерес на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, во следните ситуации:
- Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн…;
- Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
- Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;
- Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;
- Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;
- Проценка за потребите за обуки;
- Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;
- Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;
- Деловно планирање и реструктуирање;
- Справување со правни постапки против ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје;
- Спречување на измами;
Посебни категории на лични податоци на вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
Посебни категории на лични податоци кои ги обработува ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје се:
- Здравствени податоци;
- Етничка припадност;
- Религиска припадност;
- Синдикално учество.
Посебните категории на лични податоци се обработуваат заради:
- интерните процедури за отсуство на вработените од здравствени причини;
- извршување на разумни прилагодувања за лица со попречености;
- одредување на неработни денови согласно изјаснетата религиска припадност на вработените на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје;
- за финансиска помош на вработени и/или членови на нивното поблиско семејство во случај на потешки здравствени и сл. вид на незгоди/несреќи.
Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.
Корисници и пренос на лични податоци
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, доколку е потребно може да ги открие личните податоци на овластени колеги од секотрите во рамки на компанијата, кои обработуваат лични податоци врз основа на договор и дадена изјава за тајност и заштита, и кои вршат увид на податоци само доколку се овластени од страна на управител доколку е неопходно со цел да ги извршат своите работни задачи; соодветен раководител заради менаџирање со работните обврски; вработените во Секторот за кадри на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје заради оддржување на досиејата на вработените и/или внесување на податоците во соодветните системи.
Безбедност на обработка на лични податоци
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.
Време на чување на лични податоци
Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.
Снимките направени од видео надзорот се чуваат 30 денови по што автоматски се бришат.
Автоматско донесување на поединечни одлуки
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не ги обработува личните податоци на вработените за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.
Права согласно Законот за заштита на личните податоци
Правата на вработените во врска со личните податоци и начинот како да ги остварат истите се опишани во Политиката за приватност на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
Податоци за контакт
За сите прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, се опишани во Политиката за приватност на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
АНЕКС број 2: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО Друштво за трговија и услуги ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје за кандидатите за вработување, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн.
Категории на лични податоци на кандидатите за вработување што ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:
- Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;
- Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
- пол;
- информации вклучени во CV-то, вклучувајќи степен на образование и историја на вработување;
- документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;
- возачка дозвола (за одредени работни позиции).
Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
Дополнително, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:
- Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;

- Проценка за потребите за обуки.
Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје При горниот случај, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 или 2 година максимум.
Корисници и пренос на Вашите лични податоци
Како кандидат за вработување во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје а Секторот за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати.
Безбедност на обработка на личните податоци
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.
Време на чување на личните податоци
Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.
Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.
Доколку ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје побарал и добил согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, податоците ќе ги чува во период од 1 или 2 години, во зависност од согласноста.
По завршување на овој период ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.
Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
АНЕКС број 3: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВЕБ-СТРАНАТА И ОНЛАЈН СЕРВИСИТЕ НА ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб – страница (во натамошниот текст: корисниците), достапна на следниот линк: .
Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб- страници на трети лица.
Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје се потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.
Поконкретно, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги собира следните податоци:
– Лични идентификациски податоци
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб- страницата и онлајн сервисите на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје.
Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.
Лични податоци кои ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб- страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата.
– Идентификациски податоци што не се лични
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:
– Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации,
– Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,
– Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,
– Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,
– Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб- страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.
Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.
“Колачиња (анг.: Cookies)”
Веб – страницата на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата но притоа не се обработуваат личните податоци на корисникот. Колачињата се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории:
– Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.
– Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.
– Маркетинг колачиња. ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.
– Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.
При првата посета на веб-страницата на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не е можно да се исклучат.
Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.
Дополнително, користењето на веб-страницата на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
- За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.
- За подобрување на услугите на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје кон клиентите
Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).
БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Како што е опишано во Политиката за приватност на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје.
ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб – страницата на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.
ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Политиката за приватност е усвоена во 2023 година
ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје, со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, ЧАРЏ&ГО ДООЕЛ Скопје ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА CHARGE&GO И НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
Со овие општи одредби на користењето на платформата Charge&GO и мобилната апликација (во натамошниот текст: Општи услови) се регулира односот помеѓу стопанското друштво Charge&GO д.o.o. Белград, Ослобоѓења 22б, Белград, 6201 Сметководствено програмирање, МБ 21709271, ЕДБ 112627756, контакт: +381 66 803 1 700; podrska@chargego.rs (во натамошниот текст: Charge&GO) и корисникот на платформата Charge&GO и мобилната апликација, односно корисникот на услугата за временско користење на место за полнење електрично возило што ја дава Charge&GO.
- ДЕФИНИЦИИ
Во смисла на овие општи услови, користените термини го имаат следново значење:
- Давател на услуга значи Charge&GO кој на своите корисници им дава услуги на користење на места за полнење електрично возило, кој самостојно или заедно со сопственикот на станицата за полнење и/или местото за полнење, ги одредува цените на услугите за полнење што видно се истакнати на платформата на Charge&GO за користење на местата за полнење на електрични возила;
- Платформата Charge&GO и мобилната апликација претставува дигитална платформа и мобилна апликација за користење на услугите на определено временско користење на места за полнење електрични возила.
- Услуга значи одредено временско користење на место за полнење на батеријата на електрично возило што Давателот на услуга му го става на располагање на Корисникот по пат на платформата Charge&GO и мобилна апликација;
- Корисник значи физичко лице со наполнети најмалку 18 години живот и/или правно лице, претприемач, кој било деловен ентитет, кои се сопственици и/или корисници на електрични возила а на кои Давателот на услуга им дава услуга на временско користење на место за полнење електрично возило. Корисниците може да бидат регистрирани и нерегистрирани корисници;
- Регистриран корисник значи физичко лице кое извршило постапна на регистрација на платформата или апликацијата и кое по пат на својата корисничка сметка ги користи Услугите под услови и на начин предвидени за регистрирани корисници;
- Нерегистриран корисник е физичко лице кое без извршена регистрација и формирана корисничка сметка ги користи Услугите под услови и на начин предвиден за нерегистрираните корисници;
- Постпејд корисник значи правни лица со кои Давателот на услуга склучил Договор за користење на регионалната платформа Charge&GO и мобилната апликација со договорено постпејд плаќање. Постпејд корисникот има својство на регистриран корисник.
- Електрично возило значи електрично возило во согласност со дефиницијата за електрично возило дадена во предлогот директива на Европскиот парламент и на Советот за воспоставување инфраструктура за алтернативни горива, како и во согласност со домашните закони и прописи (или во финалната верзија на директивата);
- Место за полнење значи паркинг-место на кое е инсталиран полнач за полнење батерии на електрични автомобили, а кое овозможува директно полнење на електричното возило со електрична енергија.
- Станица за полнење значи ентитет на едно или повеќе места за полнење електрично возило;
- Картичка РФИД значи картичка што му се доставува на Корисникот, која овозможува негова идентификација на станицата за полнење и/или на местото за полнење;
- Општи услови и правила на користење на местото за полнење електрични автомобили на апликацијата се услови и правила за користење на Услугите што се достапни на веб-сајтот на Давателот на услуга или преку линкот https://chargego.rs/opsti-uslovi-za-koriscenje-mesta-za-punjenje-elektricnih-vozila/
- Политика на приватност е политика на приватност на Charge&Go во согласност со која Charge&GO врши обработка на личните податоци, сѐ во согласност со Законот за заштита на лични податоци, која е достапна на веб-сајтот или преку линкот https://chargego.rs/politika-privatnosti-opsti-uslovi/
- ОПИС НА УСЛУГАТА
Давателот на услуга е сопственик на платформата Charge&GO и на мобилната апликација за iOS и за мобилните телефони ANDROID што е наменета на давање услуги на определено користење на станиците/местата за полнење на електричните автомобили на Корисниците. Давањето на услугите се врши во сѐ во согласност со овие Општи услови, со Политиката на приватност и Општите услови за користење на местата за полнење. Пред користењето на Услугата Корисникот се запознава и согласува со сите Општи услови на Давателот на услуга, вклучително и Политиката на приватност на Давателот на услуга во согласност со која се врши обработка на личните податоци на Корисникот.
Користењето на самата мобилна апликација на Charge&GO е без надоместок на Давателот на услуга. Корисникот е согласен дека употребата на интернет-инфраструктурата за преземање на апликацијата, вклучително и нејзино користење во реално време се намируваат од Давателот на услуга за пристап до интернет по цени што ги договорил Корисникот. Корисникот го ослободува од секаква одговорност Давателот на услуга за гарантирање на достапноста на интернет со оглед на тоа дека Давателот на услуга нема над тоа никаква контрола.
Услугата за користење места за полнење електрични возила преку платформата Charge&GO според типот и моќноста на полначот е искажана на платформата и апликацијата Charge&GO за секој поединечен полнач. Надоместоците за користење на места за полнење може да се разликуваат во зависност од тоа дали е во прашање регистриран корисник или нерегистриран корисник кој ја користи опцијата за еднократно плаќање. Надоместоците за користење на местата за полнење секогаш се прикажани на почетокот на самата сесија на полнење.
Корисниците можат да ги користат Услугите во својство на нерегистрирани или регистрирани Корисници. Регистрираните корисници имаат обврска да ја користат платформата Charge&GO и/или мобилната апликација, како и самите места за полнење, во согласност со овие Општи услови и Општите услови за користење на местата за полнење што се однесуваат на регистрирани корисници, во спротивно системот ќе ги евидентира како нерегистрирани корисници и ќе биде во можност да ги користи Услугите исклучително по условите предвидени за нерегистрираните корисници.
- РЕГИСТРИРАНИ И НЕРЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ
Нерегистриран корисник пристапува на користење на Услугата на саканото место за полнење со скенирање на QR код на тоа место за полнење, или со внесување на ИД бројот на саканото место за полнење на страницата на веб-порталот client.chargego.rs. Нерегистрираниот корисник на овој начин ќе биде запознаен со Општите услови, Општите услови и правила за користење на местото за полнење, како и со неговата Политика на приватност. Откако ќе даде согласност за наведените општи услови и Политиката за приватност Нерегистрираниот корисник ја внесува својата адреса на е-пошта и оттаму порталот го упатува на страницата за операторот за плаќање каде што ги остава податоците за платежната картичка.
По завршено користење на местото за полнење, платежната картичка се задолжува за износот за полнење, а на е-пошта се доставува фискална сметка.
Регистрираниот корисник пристапува на користењето на Услугата на саканото место за полнење со избирање на самото место за полнење на платформата Chareg&Go и/или на мобилната апликација низ својата корисничка сметка, или со користење на картичката РФИД издадена од страна на Давателот на услуга.
Ако при регистрација е избрана идентификација по пат на картичка РФИД, Давателот на услуга му испорачува на Корисникот картичка РФИД по пошта на назначената адреса. Издавањето на картичката РФИД се наплатува во согласност со актуелниот ценовник на Давателот на услуга, заедно со износот на претплата.
Корисникот во целост е одговорен за користење и чување на картичката РФИД што е издадена на негово име во периодот на важност на картичката РФИД и презема одговорност за каква било злоупотреба на истата за што вината може да му се припише на Корисникот. Корисникот е должен без одложување да го извести Давателот на услуга во случај на губење на картичката РФИД. По прием на известување, Давателот на услуга ќе ја блокира картичката и на Корисникот ќе му биде издадена нова картичка РФИД по цена наведена во ценовникот на Давателот. Во случај Корисникот да не пријави, или да не пријави навремено, губење на картичката РФИД, ја сноси севкупната одговорност за евентуални злоупотреби и за користење на картичката РФИД сѐ до моментот на пријавување на губењето на картичката РФИД до Давателот на услуга.
Постпејд корисниците, односно лица овластени од нив за пристап до основната сметка на постпејд корисникот, пристапуваат на користењето на Услугата на ист начин како и регистрираните корисници.
Мобилната апликација Charge&GO им го овозможува следново на регистрираните корисници:
- користење и плаќање на услугите за користење на место за полнење електрично возило по повластени, 20% пониски цени предвидени за регистрираните корисници;
- користење карти со приказ на расположливи станици/места за полнење на електрично возило;
- дефинирање и управување со шифрата за пристап до делот на апликацијата за плаќање;
- праќање на фискалната сметка за користење на услугата на адресата на е-пошта на Корисникот;
- формирање корисничка сметка каде што Корисникот може да ги види податоците од својата корисничка сметка, и историјата на сите трансакции на полнење на електричното возило;
- издавање и праќање на е-пошта на готовинската фискална сметка за плаќање со компаниската картичка со внесување на ЕДБ на компанијата на својата корисничка сметка;
- промена на платежната картичка поврзана за корисничката сметка;
- нарачување на картичката РФИД во согласност со актуелниот ценовник;
- преглед на измените на внесените податоци на Корисникот на корисничката сметка;
- опција за бришење на сметката во случај на прекин на користење на апликацијата
Мобилната апликација Charge&GO им го овозможува следново на нерегистрираните корисници:
- праќање на фискалната сметка за користење на услугата на адресата на е-пошта на Корисникот
- ИНСТАЛАЦИЈА НА АПЛИКАЦИЈАТА CHARGE&GO, РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЦИТЕ
Корисниците ја преземаат мобилната апликација сharge&GO од интернет-продавницата Google Play за корисниците на Android оперативните системи, односно на Apple Store за корисниците на оперативните системи IOS.
Регистрацијата на корисниците се врши преку наведената апликација. При регистрација, неопходно е Корисникот да се согласи и со обработка на личните податоци што ги внесува во самата апликација, а која се врши во согласност со Законот за обработка на лични податоците, како и со Политиката на приватност на Давателот на услуга.
Нерегистрираните корисници можат да ја користат мобилната апликација charge&GO со избирање на опцијата „Продолжи како нерегистриран корисник“.
- КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
Корисникот е согласен и потврдува со прифаќањето на Општите услови дека апликацијата и интернетот ги користи исклучиво на сопствена одговорност, како и дека Давателот на услуга не дава какви било гаранции ниту презема одговорност за какви било евентуални штети што ги претрпел Корисникот при користењето на апликацијата и интернет. Корисникот е согласен и потврдува со прифаќањето на Општите услови дека е запознаен со фактот дека Давателот на услуга не обезбедува никакви гаранции за достапност на интернет, и дека истата не е во негова контрола, и во согласност со тоа го ослободува Давателот на услуга од каква било одговорност за гарантирање на достапноста на интернет.
Со преземање и инсталација на апликацијата, Корисникот ги прифаќа сите ризици што може да настанат од нејзиното користење и се обврзува дека содржината на апликацијата ќе ја користи исклучително за лична употреба и на сопствена одговорност. Корисникот има обврска да ги преземе дејствата што се во негова моќ со цел да спречи трети лица да дојдат во сопственост на уредите на кои е инсталирана апликацијата, вклучително и неовластено запознавање со неговата лична сметка на мобилната апликација Charge&GO.
Со прифаќање на Општите услови Корисникот е запознаен и согласен дека Давателот на услуга во ниеден случај нема да сноси одговорност за каква било евентуална штета настаната со неовластен пристап и користење на мобилните телефони, компјутери или други уреди на кои е инсталирана веб-платформата или мобилната апликација, вклучително и неовластен пристап до персонализираните податоци на Корисникот што се зачувани во рамките на апликацијата на споменатите уреди.
Заштитата на апликацијата со шифра е овозможена и содржана во поставките, а шифрата ја дефинира самиот Корисник при инсталација на апликацијата и тој е одговорен за нејзино чување и потврдува дека е запознаен со фактот дека Давателот на услуга не е запознаен, ниту чува податоци за дефинираните шифри.
Корисникот се обврзува дека сите услуги и сервиси на апликацијата ќе ги користи исклучително во согласност со нивната намена и дека ќе се воздржи од какви било дејства со кои би можела да се загрози нивната нормална работа.
На регистрираниот корисник при регистрацијата на платформата ќе му бидат претставени Општите услови за користење на местото за полнење електрични возила, како и овие Општи услови за користење на платформата и на мобилната апликација. Со штиклирање на предвидените полиња, Корисникот се изјаснува дека е запознаен и согласен со обработка на личните податоци што ги внесува во апликацијата, а во согласност со Политиката на приватност, и ги прифаќа ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕСТОТО ЗА ПОЛНЕЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, како и овие УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА И НА МОБИЛНИТЕ АПЛИКАЦИИ.
Нерегистрираниот корисник по изборот на саканиот полнач ќе биде упатен на страницата за внесување на е-пошта каде што дава согласност за обработка на личните податоци и ги прифаќа ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕСТОТО ЗА ПОЛНЕЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, како и ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА И НА МОБИЛНИТЕ АПЛИКАЦИИ.
- ПРАВА И ОБВРСКИ ВО ВРСКА СО КОРИСТЕЊЕТО НА АПЛИКАЦИЈАТА
Корисникот има обврска, при регистрацијата и креирањето на своја корисничка смета, да внесе точни, вистинити и целосни податоци. Во случај на промени на внесените податоци, Корисникот има обврска без одложување да ги внесе настанатите промени во својата корисничка сметка. Корисникот гарантира за точноста на податоците што ги внесол во апликацијата и во согласност со тоа го ослободува Давателот на услуга од сите правни и финансиски последици поради прекршување на оваа обврска.
Корисникот гарантира за точноста на личните податоци што директно ги доставил. Користењето на апликацијата е дозволена на лица кои имаат наполнето 18 или повеќе години. Давателот на услуга во ниеден случај не се обврзува да врши проверка на возраста на Корисникот, ниту презема каква било одговорност во случај на злоупотреба.
Корисникот се обврзува дека ќе се воздржува од какво било дејство што би можело да се подведе под намерна злоупотреба и извршување измамнички дејства и се обврзува дека нема да користи или да се обидува да користи туѓа корисничка сметка и/или да пристапува кон туѓи лични податоци.
Корисникот е согласен дека нема да користи обратен инженеринг, повратна монтажа, расклопување, декодирање или каков било друг начин за откривање на изворниот код на апликацијата или која било поврзана технологија.
Давателот на услуга се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите Корисници. Повеќе за начинот на чување на податоците во Политиката за приватност на Давателот на услуга.
- ПРИВРЕМЕНО ЗАПИРАЊЕ/ОГРАНИЧУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА АПЛИКАЦИЈАТА
Доколку дојде до привремено запирање и/или ограничување на користењето на апликацијата од технички и/или безбедносни причини, информацијата за тоа ќе биде пратена до регистрираните корисници по пат на е-пошта, на адресата на е-пошта што Корисникот му ја направил достапна на Давателот на услуга во согласност со овој Договор.
- ПЛАЌАЊЕ
Нерегистриран корисник
Плаќањето од страна на Нерегистриран корисник се спроведува во неколку чекори. По внесувањето на податоците од платежната картичка се врши верификација на валидноста на платежната картичка Забелешка: верификација на валидноста на платежната картичка се врзува за износ од 3,00 МКД и овој износ нема да му биде наплатен на Корисникот.
По извршената верификација на валидноста на платежната картичка, Корисникот го внесува износот на „резервираните средства за полнење“ што служи за проверка на расположливоста на резервираните средства на картичката. Минималниот износ на резервираните средства што може да ги внесе Корисникот е 1.000,00 МКД, со тоа дека Корисникот може по сопствено наоѓање да внесе и поголем износ. Износот на внесените резервирани средства мора да биде за 100,00 МКД повисок од планираната сесија за полнење (на пример, ако Корисникот внел износ од 1.600,00 МКД може да користи Услуги на полнење максимално до износот од 1.500,00 МКД, при што ќе биде наплатен износ од 1.500,00 МКД).
Во случај на користење на Услугата во износ помала од минималната, или некој поголем, внесен износ на резервирани средства, на Корисникот од картичката ќе му биде симнат само оној износ што соодветствува на реалната дадена Услуга (на пример, ако Корисникот користел минимален износ на резервирани средства за проверка на расположливите средства, односно 1.000,00 МКД, а користел Услуга во износ од 630,00 МКД, износот за кој ќе биде задолжена неговата картичка е 630,00 МКД).
По завршеното користење на местото на полнење, платежната картичка се задолжува за износот на полнењето, а на е-пошта се доставува фискалната сметка.
Регистриран корисник
Со успешно извршување регистрација на корисничка сметка, што подразбира креирање на сметка на платформата, внесување податоци за платежната картичка и плаќање на почетниот надоместок во износ од 1.600,00 МКД, како и со почнување на користење на услугата на полнење, Корисникот се согласува со сите услови и со процедурата на плаќање на услугата полнење електрично возило, со овие Општи услови, Општите услови и правила за користење на местото за полнење, како и со Политиката за приватност.
Користењето на услугата полнење на електрично возило, по правило се наплатува така што од корисничката сметка на Корисникот се одбива износ што одговара на извршената поединечна сесија полнење на конкретното место за полнење електрични автомобили. По секое поединечно користење на местото за полнење електрични автомобили, корисникот изречно се согласува со тоа дека Charge&GO ќе му достави фискална сметка електронски преку е-пошта. Податоците за трансакцијата, исто така, се прикажуваат во апликацијата ChargeGO по завршувањето на поединечна сесија на полнење електрично возило и секогаш се достапни во рамките на историјата на полнење во корисничката сметка.
При регистрација Корисникот може да внесе податоци за компаниската картичка со обврска за внесување на ЕДБ на компанијата и тогаш, по завршеното користење на местото за полнење, на е-пошта се доставува готовинска фискална сметка со искажан ЕДБ на компанијата. Корисникот може во својата сметка во кое било време да изврши измена на картичката (од лична на компаниска или обратно, вклучително и замена на една лична платежна картичка со друга) и ова може да го извршува самостојно на својата корисничка сметка или со контактирање на Давателот на услуга преку е-пошта: podrska@chargego.rs
Услугата на полнење на електрични возила се наплатува по секоја минута полнење. Полнењето почнува во моментот кога корисникот се авторизира на полначот користејќи ја својата корисничка сметка било со активација преку мобилната апликација или преку веб-платформата или картичката РФИД, по што се врши поврзување на опремата за полнење со возилото. Корисникот го завршува полнењето на ист начин како што го започнал – преку мобилната апликација, веб-платформата или картичката РФИД, со притискање на копчето за крај на сесијата на полнење во апликацијата или на платформата, односно со принесување на картичката РФИД до полначот, по што го извлекува приклучокот за полнење од возилото и го враќа на станицата за полнење. Корисникот е должен во текот на полнењето на батеријата на електричното возило да се воздржи од каква било активност на електричното возило, со оглед дека услугата на полнење може да се прекине поради каква било активност на возилото.
Корисникот е согласен дека во случај износот на неговата корисничка сметка, во кој било момент да биде под 525,00 МКД, од платежната картичка на конкретниот Корисник на неговата корисничка сметка да се изврши автоматски дополнување во висина од 1.600 МКД.
Корисникот има опција, согласно со сопственото наоѓање, независно од автоматското дополнување, да изврши дополнителна уплата во износ од 1.600 МКД од својата платежна картичка на својата корисничка сметка, во согласност со опциите на износот на уплатата претставени на корисничкиот портал по пријавата на сметката (таканаречено Автоматско дополнување).
Корисникот е одговорен за користење на услугите на полнење на електричното возило што се врши преку неговата корисничка сметка, без оглед кое лице навистина ја користело услугата и неговата корисничка сметка. Во случај на злоупотреба на корисничката сметка, крајниот корисник што смета дека неговата корисничка сметка е злоупотребена, има обврска да ги намири сите трошоци за услуги извршени пред блокадата на услугите (и на самата корисничка сметка) и тоа до моментот кога Давателот на услуга ќе прими известување од тој Корисник за злоупотреба. Истото важи и за сите други трошоци настанати поради губење или кражба на кориснички уреди на кои е инсталирана апликацијата, корисничките имиња и лозинки, губење на картичката РФИД и слично.
Постпејд корисник
Постпејд корисникот врши плаќање во сѐ во согласност со условите договорени со договорот склучен помеѓу Давателот на услуга и Постпејд корисникот.
Давателот на услуга ги чува и обработува податоците за извршените трансакции, односно за користените услуги, кои му се потребни за наплата на побарувањата од Корисникот. Давателот на услуга со наведените податоци за извршените трансакции постапува во сѐ во согласност со законот со кој се уредува заштитата на личните податоци.
Сите плаќања ќе бидат извршени во локалната валута на Република Србија – динари (РСД). За информативен приказ на цените во другите валути се користи среден курс на Народна Банка на Србија. Износот за кој ќе биде задолжена Вашата платежна картичка ќе биде искажан во Вашата локална валута низ конверзија во истата според курсот што го користат картичните организации, а кој нам во моментот на трансакцијата не може да ни биде познат. Како резултат на оваа конверзија постои можност за незначителна разлика од оригиналната цена наведена на нашиот сајт.
Користењето на услугата не може да се плати во готово.
Надоместоците за користење на услугата се искажани со пресметан данок на додадена вредност. Данокот на додадена вредност ќе биде пресметан во согласност со Законот за додадена вредност.
Давателот на услуга го задржува правото користењето на Услугата, вклучително и користењето на роаминг услугата од страна на постпејд Корисникот, кое од технички причини не е фактурирано, да му го фактурира на Корисникот дополнително. Во овој случај Давателот на услуга ќе го извести Корисникот и/или постпејд Корисникот за дополнителното фактурирање и деталите за конкретната услуга што не била навремено наплатена. Конкретната услуга што поради технички пропуст останала ненаплатена ќе биде во секој случај искажана во историјата на полнења на Корисникот, достапна во неговата корисничка сметка.
При внесување на податоци за платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавната мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на ССЛ протокол и ПКИ систем, како моментно најсовремени криптографски технологии. Безбедноста на податоците при купувањето ја гарантира процесорот на платежните картички, па така комплетниот процес на наплата се извршува во безбедно опкружување. Во ниту еден момент податоците за платежната картичка не му се достапни на нашиот систем.
- РОАМИНГ УСЛУГА
Charge&GOК како интернационално препознаен оператор, на своите постпејд корисници им овозможува опција да активираат дополнителна услуга (таканаречена Роаминг услуга).
Роаминг услугата го подразбира следново:
- видливост и можност за пристап до местата за полнење на електрични возила во европските земји преку платформата и мобилната апликација Charge&GO, како и по пат на картички РФИД издадени од страна на Charge&GO;
- користење на местата за полнење на електрични возила во европските земји.
Видливоста и можноста на пристап до местата за полнење на електричното возило во странство преку платформата, мобилната апликација и/или картичката РФИД, Давателот на услуга ја наплатува во согласност со својата ценовна политика, додека самото користење на местото за полнење на електрични возила во европските земји се наплатува посебно со примена на цени на другите оператори што важат и се применуваат за конкретните места за полнење електрични возила во странство во моментот на полнење.
Давателот на услуга на постпејд Корисниците кои ја активирале роаминг услугата им дава видливост и можност за пристап до места за полнење електрични возила во европските земји без надоместок во периодот до 1.1.2023 година, додека надоместокот за користење места за полнење електрични возила во европските земји секако се наплатува во согласност со цените на другите оператори што важат и се применуваат за конкретните места за полнење електрични возила во странство во моментот на користење на услугата.
Активацијата на роаминг услугата постпејд Корисниците можат да ја извршат преку е-пошта podrska@chargego.rs . Постпејд корисниците можат да ја активираат роаминг услугата исклучиво со минимален рок на траење од три месеци од моментот на активација на роаминг услугата.
Постпејд корисникот го ослободува од каква било одговорност Давателот на услуга за гарантирање на достапноста на местото за полнење во сите европски земји со оглед на тоа дека Давателот на услуга над тоа нема никаква контрола. Проверка на активните места за полнење во реално време во европските земји Корисникот може да изврши преку платформата и мобилната апликација Charge&GO.
Корисникот се обврзува дека користењето на местата за полнење електрични возила во европските земји ќе го врши во сѐ на начин и во согласност со упатствата од другите оператори и/или сопственици на места за полнење на предметните места за полнење.
Давателот на услуга го задржува правото користењето на местата за полнење на електрични автомобили во европските земји кое од технички причини не му е фактурирано на Корисникот веднаш по дадената услуга, истата да ја наплати дополнително.
- РЕКЛАМАЦИИ
Доколку Корисникот смета дека постојат неправилности во пресметката, податоците во сметката или смета дека постојат други неправилности во врска со користењето на Услугата, потребно е да поднесе рекламација.
Корисникот може да поднесе рекламација со нејзиното праќање на адресата на е-пошта: podrska@chargego.rs или со повикување на бројот +381 66 803 1 700 или на бројот +381 11 715 85 99.
Рекламацијата мора да содржи прецизен опис на неправилноста во пресметката или на друга причина за рекламација, мора да содржи адекватни докази со кои Корисникот докажува постоење на неправилност и мора да биде упатена директно од Корисникот на конкретната услуга во врска со која ја вложува рекламацијата.
Рокот за одговор на рекламација е 8 дена од денот на нејзиниот прием, додека рокот за решавање на рекламацијата е 30 дена од денот на нејзиниот прием. Ако Давателот на услуга од објективни причини не е во можност да му удоволи на барањето на Корисникот во рокот што е договорен, должен е да го извести тој Корисник за продолжувањето на рокот за решавање на рекламацијата и да наведе рок во кој ќе ја реши, како и да добие негова согласност.
Во случај на одобрување на рекламацијата или враќање на средствата на купувачот што претходно ги платил со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без оглед на причината за враќање, Charge&GO има обврска повратот да го врши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro методите за плаќање, што значи дека банката, на барање од Давателот на услуга ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
- БРИШЕЊЕ НА КОРИСНИЧКАТА СМЕТКА
Корисникот има право да бара бришење на својата корисничка сметка во кој било момент со обврска за плаќање на сите евентуални долгувања што ги има кон Давателот на услуга. Корисникот кој сака да ја избрише својата корисничка сметка, тоа го прави така што на платформата на Charge&GO или во мобилната апликација ја избира опцијата „Бришење на сметка “. По прием на барањето за бришење на корисничката сметка, Давателот на услуга ја проверува состојбата на сметката и почнува процес на наплата на долгувањата или рефундација на преостанатиот износ на сметката. Во случај Корисникот на својот кориснички наод да има на располагање неискористени средства, Давателот на услуга неискористените средства ќе му ги рефундира на Корисникот во рок од 7 (седум) дена од денот на откажување на корисничката сметка. Од добивањето на барањето до бришење на сметката може да помине максимум 10 дена.
Со бришење на корисничката сметка на барање од Корисникот, се бришат и сите податоци поврзани со неговата корисничка сметка, вклучително но без ограничување: сите прибрани лични податоци во согласност со Политиката за приватност, податоци за сесиите на полнење на конкретниот Корисник и слично. По бришењето на корисничката сметка Давателот на услуга нема да има на располагање податоци поврзани со конкретниот Корисник ниту, пак, можност за решавање каква било евентуална рекламација што може да ја вложи Корисникот во врска со дадените услуги. Во случај на бришење на корисничката сметка Корисникот има обврска евентуалните рекламации да ги поднесе најдоцна истовремено со барањето за бришење на сметката. Бришењето на корисничката сметка во случај Корисникот да поднел одредена рекламација ќе биде запрено до моментот на решавањето на рекламацијата.
Корисникот кој ја избришал својата корисничка сметка во кој било момент мое повторно да се регистрира и да активира нова корисничка сметка во согласност со овие Општи услови.
- АВТОРСКИ ПРАВА
Документите, податоците и информациите објавени на апликацијата не смее да се репродуцираат, дистрибуираат или на кој било начин да се користат во комерцијални цели, ниту на кој било начин што може да предизвика штета на компанијата Charge&GO или на која било трета страна.
- ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Давателот на услуга може во кој било момент да ги измени одредбите на овие Општи услови, цените на услугите, понудата на наведените услуги, како и нивната содржина. Во случај на измени Давателот на услуга ќе ги извести Корисникот за сите измени, така што ќе го објави известувањето на својата интернет страница, по потреба, а во согласност конкретните околности и по пат на електронско пишано известување или во самата апликација.
Давателот на услуга го задржува правото за ажурирање и модификација на платформата charge&GO и апликацијата со измена на нејзината содржина без посебно известување на Корисникот.
Во случај за кој било дел од овие Општи услови да се утврди дека се несоодветни или неважечки, тоа нема да влијае врз неговите одредби чија што важност ќе продолжи и понатаму.
Односите помеѓу Корисникот и Давателот на услуга се регулирани со позитивните прописи на Република Србија. За сите меѓународни спорови што не може да се решат договорно надлежен е судот во Белград.
Овие Општи услови влегуваат во сила на 2.10.2023 година.